Гинисов рекорд: Базен, терен за мини голф, хелиодром… Ова е најдолгиот автомобил на светот / ВИДЕО
Лимузината е долга нешто повеќе од 30 метри, а во кабината може да се сместат до 75 патници
Мајкл Менинг од Њујорк влезе во Гинисовата книга на рекорди со најдолгиот автомобил на светот.
Заснован на Cadillac Eldorado од 1976 година, новиот рекордер е споен во два дела и има вкупна должина од повеќе од триесет метри. Процесот на заживување траел три години и чинел 250.000 долари.
„Американскиот сон“ на 26 тркала на патниците им нуди голем воден кревет, базен во комплет со даска за скокање, џакузи, када, терен за мини голф, а во кабината може да се сместат 75 луѓе!
Ако затреба има и хелиодром со специјални челични носачи.
Сопственикот на најдолгиот автомобил во светот, според Гинисовата книга на рекорди, открива дали автомобилот наскоро ќе се најде на пат:
„Пресреќен сум што конечно ја завршивме работата и го извлековме автомобилот од гаражата, но морам да ве разочарам, едноставно е предолг за да го пуштиме на пат. Ќе биде изложен во музејот за автомобили во Дезерленд Парк“, заклучува Менинг.