На Меѓународната вселенска станица во рамките на Американската национална лабараторија, Goodyear ќе тестира материјал кој се користи за производство на гуми

Стекнатото знаење на научниците и инженерите треба да им донесе нови факти за понатамошно развивање и подобрување на перформансите на гумите за патничките автомобили.

Goodyear најавува враќање во вселената, каде што ќе ги тестира компонентите на своите гуми. Имено, научниците во амбиент на микрогравитација, ќе го проучуваат формирањето на честички силика (силициум диоксид) и со тоа ќе го испитаат ефектот на употребата на уникатни силициумски форми за подобрување на перформансите на гумите.

Предвидено е опремата на Goodyear потребна за експериментот кон Меѓународната вселенска станица да тргне на 21-ви јули, со вселенскиот брод SpaceX CRS-18.

Тестирањето астронаутите ќе го вршат истовремено со научниците од Goodyear во нивните лаборатории, а резултатите ќе бидат познати по враќањето кога инженерите ќе ги споредат резултатите од двата теста.

Goodyear се враќа во вселената речиси педесет години подоцна, од денот кога во 1969 година Apollo 11 во својата мисија на Месечината обезбедил многу важни производи.