Ги купуваат автомобилите што ги тестираат – за да останат независни / ВИДЕО
Во современиот свет, кога автомобилските медиуми во голема мера зависат од емитување реклами за возила чија тестови се објавени, дефинитивно е тешко да се остане целосно непристрасен и независен
Медиумите и организациите кои се вклучени во тестирање на нови модели најчесто добиваат тест возила од производителите или дилерите на автомобили, без оглед на чија иницијатива тие се тестираат. Освен тоа, компанииите ги повикуваат автомобилските новинари на групни презентации и тест возења, каде на располагање им се возила со мотори и пакети на опрема одбрани од самите производители.
Во сите овие случаи, новинарите немаат друг избор освен да седнат зад воланот на автомобилот „сервиран“ од авто компанијата, и подоцна да ги споделат своите впечатоци само врз основа на тие тест примероци.
Американскиот Consumer Reports индивидуални и споредбени тестови спроведува уште од 1930-те години, а забелешките ги споделува со тамошната јавност. Сепак, за разлика од медиумите, оваа непрофитна организација сама избира и купува возила кои ги тестира и само на тоа годишно троши милиони долари годишно.
Како што тврдат од Consumer Reports, тоа го прават пред сé за да ја задржат независноста во однос на производителите на автомобили и да останат објективни и непристрасни во оценувањето на карактеристиките и квалитетот на возилата.
Само во претходната фискална година Consumer Reports за купување на тест автомобили и трошоци за оние кои го направиле тестирањето има потрошено 2,1 милион долари.
Оваа организација има и свој полигон за тестирање за возилата што се протега на повеќе од 130 хектари и на кој се тестираат перформансите на возилото во различни временски услови, на различни терени и патишта, а се тестираат и современите електронски системи за асистенција.
Така, при тестирањето на електричмиот автомобил Tesla Model X 90D, испитувале и како фунционира автопилотот на ова возило.
Consumer Reports, меѓу другото, спроведува и тестови на автомобилски гуми и седишта во возилата, со цел тестирање на нивната издржливост или удобност. Токму тестот за гуми, велат, е еден од најскапите.
Погледнете го тестот на Tesla Model Х.