Германците предупредуваат на прекумерна емисија од plug-in хибридите
Студија побарана од германското Министерство за екологија, а подготвена од Институтот за енергетско истражување и истражување на животната средина, очекува огромна дополнителна емисија на штетни гасови од plug-in хибридните возила во следните години
Се проценува дека ќе изнесува дури 4,3 милиони тони СО2 кои ќе бидат емитувани од plug-in хибридите веќе во 2030 година во таа земја. Затоа, се бара ревизија на правилата за субвенции и одредени даночни олеснувања добиени за набавка на овој вид хибридни автомобили.
Ова истражување укажува на тоа дека на германските патишта до 2030 година ќе има околу 2,6 милиони plug-in-хибриди. Во теорија, тие треба да испуштаат 2,4 милиони тони јаглерод диоксид. Во пракса, таа бројка е многу поголема и изнесува 6,7 милиони тони.
Научниците посочуваат дека проблемот е поврзан со малата автономија на движење само со употреба на електрична енергија, а проблем е и недостатокот на доволно разгранета инфраструктурна мрежа. Доколку се воведе задолжително дневно полнење на батеријата, тогаш прекумерните емисии на јаглерод диоксид од plug-in хибридите ќе бидат само 0,8 тони во 2030 година.
Посочено е особено голем проблем се хибридните автомобили кои се дел од возниот парк на правните лица. Тука постои голема недисциплина кога станува збор за полнење на батериите, а покрај тоа, овие возила поминуваат големи количини километри на годишно ниво, така што помошта на батериите при возење брзо се исцрпува и тогаш следува вистинска „еко катастрофа“, бидејќи дополнителната маса на батериите е причина за потрошувачката да биде драстично поголема.
Затоа се наведува дека сегашните plug-in хибриди можат да бидат одговорни за драстичното зголемување на емисиите. Како предлог решение се наведува зголемување на автономијата во EV режим на возење, но и да се намалат субвенциите за набавка на овој тип хибридни возила.