Германците масовно ги фрлаат дизелите на депонии / ВИДЕО
Автомобилите кои се над 10 години старост не можат да се препродаваат, а на депоата веќе им недостасува простор за складирање
Колапсот на дизел транспортот е се поблиску, а тоа се однесува претежно за Германија, станува јасно од репортажа на „Гласот на Европа“, емитувана на повеќе руски телевизии, како и на YouTube.
Поради се повеќето забрани за употреба на овие автомобили во големите градови, нивните сопственици масовно бараат начини како да се ослободат од нив. Депоата се преполни со нормални автомобили кои не можат да се препродадат, иако се во добра состојба.
Сите овие машини се околу 10 години стари, некои од нив со околу 100.000 поминати километри. Според законите на Германија, постарите од 10 години треба ќе треба да бидат тргнати од сообраќајот, бидејќи ќе немаат право да се движат во големите градови. Причината е што тие не ги задоволуваат новите еколошки стандарди воведени минатата година.
„Многу од овие возила, не се ниту 10 години стари. Меѓу нив има автомобили на Audi, BMW, Volkswagen, а проблемот е што нивните сопственици треба да ги исфрлаат. Притоа истите не се бараат на пазарот за користени возила, а нивната употреба во големите градови е забранета. Затоа и нивно оставање во депоа е најбрзиот начин за добивање на колку толку пари за нив“, се вели во репортажата.
Меѓутоа, проблемот е што компаниите кои ја работат оваа дејност се преполни со автомобили, затоа што многу Германци директно ги оставаат автомобилите на депонии, пред да бидат спречени да ги користат.