Германски модел за постарите возачи: „Вратете ја дозволата и ве очекува бесплатен јавен превоз!“
Повеќе од една третина од учесниците во сообраќајот кои доживеале сообраќајна несреќа се 65 или постари
Властите во многу држави размислуваат како да ги намалат жртвите во сообраќајот. Некои се насочени кон младите возачи, некои кон алкохолот, безбедносните ремени, мобилните телефони, а некои и кон постарите возачи. Во некои делови на германската покраина Баден-Виртемберг, постарите граѓани наскоро ќе можат да добијат бесплатен годишен билет за локалниот јавен превоз во замена за нивната возачка дозвола.
Од 1 декември, постарите граѓани можат да аплицираат за бесплатен годишен билет за локален превоз. За да го направат тоа, тие мора доброволно и трајно да се откажат од возачката дозвола и да ја вратат истата на надлежните органи. Вториот услов е престој во регионот. Покраината Баден-Виртемберг придонесува со три милиони евра за трошоците кои произлегуваат од оваа понуда. Целта на кампањата е да се направи сообраќајот побезбеден. Повеќе од една третина од учесниците во сообраќајот кои доживеале сообраќајна несреќа се 65 или постари, а 68 отсто од несреќите се предизвикани од постари возачи.