Германија ја национализира првата рафинерија, која досега беше во сопственост на Русија?!
Германија до сега го намалила увозот на руска нафта за 20 отсто
Енергетиката денес е едно од најважните стратешки прашања, а војната во Украина ја придвижи цела Европа во насока на барање нови решенија, кои барем делумно ја исклучуваат Русија и нејзината нафта. Германскиот министер за економија Роберт Хабек најави мерка која според нив се наметнува како неопходна, а тоа е практично национализација на рафинеријата во Швед (Schwedt), која е во сопственост на Rosneft. Оваа рафинерија произведува гориво за источна Германија и западна Полска.
Рафинеријата моментално добива суровини од нафтоводот Дружба, кој води од Русија, а се планира нафтата во иднина да доаѓа од други извори односно преку пристаништата во Росток и Гдањск. Германија до сега го намалила увозот на руска нафта за 20 отсто.
Италијанците исто така најавуваат национализација на својата најголема рафинерија, која е во сопственост на Lukoil.