Историски успех за најмладиот премиум бренд, кој го разниша теренот на веќе етаблираната конкуренција

Ако се суди според истражувањето на JD Power, автомобилите на Genesis не се само со најдобар квалитет, туку се и најпривлечни. Имено, откако неодамна победил во студијата за испитување на иницијален квалитет, Genesis е пред Porsche и кога станува збор за привлечност на една марка, што се случува за прв пат откако се спроведува истражувањето. А во него сопствениците сами го оценуваат своето задоволство со 77 карактеристики на автомобилот и доделуваат максимум до 1000 поени.

Меѓу нив, Genesis е најдобар со 884 поени, 15 повеќе од минатата година, кога за прв пат е оценуван. Имено, Genesis од неодамна е присутен како корејски луксузен бренд на Hyundai и Kia, а тоа значи дека работи добро и, што е најважно, ги слуша своите корисници и брзо го подобрува она за што му се замерува.

Покрај Genesis, најголем напредок бележат Mitsubishi, Dodge, Jeep, GMC и Toyota. И не само тоа, во конкуренција на „обични“ брендови врвови сега го освојуваат Chevrolet и Kia. Ако се вратиме во луксузниот сегмент, редоследот е логичен. По Genesis со само два модела во гамата следат Porsche, потоа BMW, Lincoln, Mercedes и други.

За успехот на Lincoln одлучувачки фактор бил новиот Navigator, најдобро оценет модел од сите оние кои влегле во студијата.

Од друга страна, најголем пад има Jaguar, кој оваа година паднал за 11 поени и освоил 827 поени. Лошиот резултат е поради отсуството на нови модели на пазарот. Најлошо рангираните во вкупниот поредок се уште се Mitsubishi со 783 и Mazda со 798 односно Jeep со 799 поени. Но, како утеха, повеќето од нив бележат напредок во споредба со претходните години.

Генерално, просечниот индустриски просек скокнал за 10 поени или 820 поени за една година, додека просек на големо сериските брендови е 814 големи брендови, а на луксузните 851 поени.

Најголемиот напредок во автомобилската индустрија за корисниците е видлив во возните карактеристики, прегледноста и моторите, а речиси исто подобрување е забележано и во доменот на инфо-забавниот систем и климатизацијата.