Галерија од автомобили кои ќе се возат кога „светот ќе отиде по ѓаволите“! / ФОТО
Голема галерија посветена на виртуелниот тјунинг која не носи во нова ера која можеби и не е толку голема (освен за автомобилите)
Со оглед на сите проблеми што оваа планета ги доживува од ден на ден и со оглед на сите лоши вести кои корумпираните медиуми ни ги пласираат само поради клик повеќе, луѓето почнаа да се чувствуваат изгубено, депресивно и мизерно.
Иднината не е многу светла, народите се уште војуваат, има се повеќе бегалци и скоро никој и да не гледа трошка надеж дека еден ден оваа планета ќе „ја огрее сонце“ и се ќе биде убаво и среќно. Згора на се, на глава ни виси и постојаната опасност од опасен вирус… Од „убаво поубаво“!
Поради оваа причина, автомобилските ентузијасти со сериозни фотошоп вештини почнаа да си цртаат автомобили на иднината во новото дистописко општество кое можеби не очекува (дистопија – спротивно на утопија, значи спротивно на совршенство).
Но, има и нешто позитивно. Овие „лудаци“ толку добро ги нацртале овие автомобили што некој можеби и со нетрпение ги очекува! Главен меѓу нив е 25-годишниот Британец Кизил Салим, кој е автор на повеќето од овие дела.
И да не должиме, оваа галерија на автомобили покажува какви автомобили би можеле да се возат кога „светот ќе отиде по ѓаволите“!
Извор: Аутомобили.хр