Од 2028 година, во Франција ќе биде забрането огласување на возила кои испуштаат повеќе од 123 g/km CO2

Од почетокот на март, производителите на автомобили кои планираат да се рекламираат во Франција ќе мора да објавуваат и пораки во своите огласи од типот: „За кратки патувања, изберете пешачење или возење велосипед“, „За кратки релации, изберете јавен превоз“, „Размислете за споделено возење“.

Една од овие три пораки секогаш ќе мора да биде истакната, заедно со хаштагот #SeDéplacerMoinsPolluer или „Движење без загадување“. Огласувачите и издавачите кои нема да ги објават овие пораки ќе се соочат со казни до 50.000 евра.

Од 2028 година, во Франција ќе биде забрането и огласување на возила кои испуштаат повеќе од 123 g/km CO2.