Во новото остварување главната улога ќе ја има Мишел Родригез, чиј лик Лети Ортиз ќе биде во центарот на настаните

Франшизата Fast & Furious добива уште еден spin-off филм, како што беше случај со акцијата Hobbs and Shaw. Продуцентите продолжуваат да ја користат „златната кокошка“ и дефинитивно немаат намера да запрат сè додека филмовите заработуваат големи пари на благајните. Досега оваа франшиза има заработено повеќе од 5,89 милијарди долари од продажба на кино билети!

Мишел Родригез е член на актерската екипа уште од првиот филм од серијалот, па не е изненадувачки што е во можност да добие и свој филм. Родригез во повеќе наврати јавно го критикуваше недостатокот на позначајни женски улоги во овој холивудска серијал во минатото. Се чини дека нејзината критика вроди со плод, бидејќи филмот во кој таа ќе ја игра главната улога, според неофицијалните најави, треба да се вика „Лети“, според името на нејзиниот лик од „Брзи и бесни“.

Тимот за сценаристи ќе брои неколку членови, а главен продуцент треба да биде Вин Дизел, кој очигледно многу се прашува кога станува збор за „Брзи и бесни“. Не е познато кога филмот со Родригез би можел да се појави во киносалите, ниту кога ќе започне снимањето.

Во меѓувреме, по неколку одложувања, поради пандемијата на корона вирус, македонската и светска премиера на деветиот дел од „Брзи и бесни“ е закажана за 25 јуни.

https://youtu.be/Xz5wHV6AEAg