Formula Е како маркетинг и тренинг полигон
Се пoпопуларнaта тркачка серија Formula Е во која учествуваат исклучително електрични автомобили, оваа година е побогата за уште две големи имиња од автомобилската индустрија
Така на DS, Jaguar, Mahindra, Audi и кинескиот бренд на електрични автомобили NIO, оваа година се приклучија BMW и Nissan, а за сезоната 2019-2020 најавени се уште два гиганти, Mercedes и Porsche.
Логично се поставува прашањето, од каде големиот интерес на автомобилските гиганти за релативно мал шампионат? Според соопштенијата за медиумите од Formula Е, повеќето од нив во оваа серија се дојдени со цел подобро да ги презентираат своите електрични автомобили.
„Formula Е работи многу поразлично од Formula 1. Нашите патеки се улиците на градовите, тимовите се многу помали, електричните мотори во внатрешноста на автомобилот се многу сигурни, а шансите за дефект се многу помали. Ниту логистиката не е толку потребна како во Formula 1. Се разбира, тука се и возачите чии барања за плата се многу поскромни од ѕвездите на најбрзиот циркус во светот“, вели еден од првите луѓе на шампионатот.
За разлика од првата сезона на Formula Е, оваа година, сите тимови независно ги развиваат своите електрични мотори, но се принудени да ги делат истите батерии кои доаѓаат од партнерството помеѓу McLaren и Lucid.
„Мислам дека денешната Formula Е е добра како и маркетинг-платформата. За да се стигне до победата, болидот мора да биде исклучително енергетски ефикасен, што е јасно преземено од современи електрични автомобили“, вели Пол Мекнамара, шефот на Williams кој има развиено и алгоритам за да знае какво е „здравјето“ на батеријата односно дали има загуба на капацитет. Овој алгоритам е користен повеќе сезони во Formula Е, а во Williams наведуваат дека го продале на Aston Martin, кој ќе го користи за својот прв електричен автомобил.
Скот Самерсејл, шефoт на тимот на Audi во Formula Е, ја нагласува важноста на оваа серија за понатамошно тестирање на електрични автомобили.
„Првата година беше многу корисна за нас, бидејќи многу научивме. За жал, поради правилата, малку сме ограничени во експериментирањето, но сè што ќе дознаеме е исклучително важно за нашата програма за електрични автомобили“.
Самерсејл, исто така, ги посочува трошоците за Formula Е, кои се многу помали од оние во другите шампионати.
„Целиот болид не може да чини повеќе од 817.300 евра, што е многу помалку отколку, на пример, за автомобилите за Ле Ман.
Новата сезона на Formula Е започна овој викенд со првата од тринаесетте трки во Ad Diriya.