Formula 1: Славје за Рикардо во Монако, Фетел пред Хамилтон на целта
Даниел Рикардо, возачот на Red Bull, е победник на Големата награда на Монако – шестата трка на овогодинешниот шампионат во Formula 1
Австралиецот по освоената пол позиција во саботните квалификации, сосема заслужено дојде до втората победа оваа сезона, водејќи од почетокот до крајот на престижната трка по улиците на Монте Карло.
Второто место му припадна на Себастијан Фетел, а третото на актуелниот шампион Луис Хамилтон, додека четвртото и петтото место им припадна на Финците – Кими Раиконен и Валтери Ботас.
Во првите десет и во бодови завршија Естебан Окон, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг, Макс Верстапен и Карлос Саинц.
Трката во Монако не донесе премногу возбуда, се до 72-от круг, кога Шарл Леклерк згреши и на патеката се појави виртуелното безбедносно возило. Дополнителен проблем за Рикардо во последниот дел од трката беше губитокот на MGU-K, компонента за хибридниот систем која ја обновува енергијата од задната оска и ја користи за дополнителна моќност. Ова му даде можност на Фетел, но до крајот промени во редоследот немаше.
Во генералниот пласман, Фетел го намали бодовнио дефицит во ооднос на Хамилтон за три бода, па така сега Хамилтон има 110 поени пред Фетел со 96. Рикардо сега е трет со 72 поени.
2018 Monaco Grand Prix: Резултати
2018 Monaco Grand Prix: Race Highlights
2018 Генерален пласман: Возачи
Изјавија по трката
Даниел Рикардо
„Имаше многу емоции, многу повеќе од вчера … Имавме многу проблеми, почувствував дека трката е изгубена и мислев дека е готово. Одлично се чувствувам“, рече Рикардо по трката.
Себастијан Фетел
„Имавме брзина, но трката беше незгодна, а Даниел имаше одговор цело време“. Имав проблеми, изгубив поради моите гуми“, изјави Фетел.
Луис Хамилтон
„Секоја чест за Даниел и Red Bull. Завршија фантастична работа овој викенд. Ќе беше убаво ако завршев како втор, направив се што можев“, изјави Хамилтон по трката.
Champagne for everyone – including the Prince and Princess! #MonacoGP @DanielRicciardo pic.twitter.com/swOUkHfQJY
— Formula 1 (@F1) May 27, 2018