Од оваа година врската меѓу овие два бренда ќе влезе во нова фаза

Јапонскиот производител реши да се повлече од Formula 1 на крајот од минатата сезона, но многу порано Red Bull и Honda се договорија за преземање на интелектуалната сопственост на компанијата од Сакура, како и начинот на функционирање до 2025 година до кога трае правилото за замрзнување на развојот на агрегати.

На хартија, работите нема многу да се сменат, но и двата бренда сега се соочуваат со долг процес.

„Како дел од нашиот договор со Honda, единиците ќе се склопуваат во Јапонија, односно во Сакура, како и сета потребна поддршка“, вели Хорнер за RacingNews365.com и се надева дека овој договор ќе остане таков до 2025 година. 

„Се надевам дека е така. Тоа е нешто за што преговараме. Од 2022 година агрегатите треба да продолжат да се произведуваат во Јапонија, а потоа да се достават до нас. Ние сме навистина благодарни на Honda што ни овозможи ваква поддршка во нашата транзиција како производител на мотори. Погонските единици ќе ги добиваме од Јапонија, како и поддршка за трките. Тоа е нашиот технички договор“.

Од друга страна, голем број членови на Honda се на пат да станат дел од одделот за развој на мотори во Red Bull.

Од моментот кога Honda го објави своето повлекување, а Red Bull го најави формирањето на својот оддел за мотори, тимот на Милтон Кејнс почна да вработува вработени од јапонската компанија, вклучително и проект лидери.

„Сите членови на Honda ќе станат дел од Red Bull до крајот на февруари“. додава шефот на тимот. „Масаши Јамамото ќе стане наш консултант додека Тојохару Танабе ќе остане od страната на Honda. На тој начин, сите членови на тимот на Honda кои работат во Велика Британија ќе се преселат кај нас и ќе продолжат да работат на моторите на Honda, додека Red Bull не ги инсталира своите тест постројки во мај или јуни“.

Големо прашање беше како ќе се викаат овие погонски агрегати, но Кристијан Хорнер ги реши сите дилеми.

„Новиот мотор ќе биде означен како единица на Red Bull. потврди тој.