Ford Shelby GT500 – најмоќниот и најбрз Mustang на сите времиња / ВИДЕО
Ford на салонот за автомобили во Детроит го претстави моќниот Shelby GT500 со над 700 КС
Всушност GT500 е нешто што оние најтврдокорните фанови на Mustang го чекаат уште од лансирањето на верзиите Shelby GT350 и GT350R.
Под капакот на моторот се наоѓа 5.2-литарски V8 со компресор, за кој од Ford велat дека испорачува преку 700 КС.
Според oна што го велат од американскиот производител, Shelby GT500 може да забрза од место до 96 km/h за околу 3 секунди, додека четврт милја (402 метри) поминува за помалку од 11 секунди.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1ZaU_EU1Alfn9rpfRN1sJQ78mBdP8e6t2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Продажбата на овој монструозен Mustang ќе започне на есен, а деталните спецификации на автомобилот и неговата цена не се објавени.