Американската марка, наводно, веќе одлучила да инвестира значителна сума на пари во фабриката во Келн, со цел да ја претвори во фабрика специјализирана за електрични возила

Како што пренесува локалниот Koelner Stadt-Anzeiger, Ford ќе инвестира дури една милијарда евра во оваа производна локација. Наводно, покрај германската фабрика, Ford размислувалда инвестира и во својата фабрика во Романија, но на крајот сепак се одлучиле за Келн.

Во фабриката во овој германски град во моментов се произведува Ford Fiesta, но наскоро треба да започнат подготовките за производство на автомобили базирани на платформата MEB на Volkswagen.

Претставниците на Ford не сакаат да ги коментираат натписите на германските медиуми, туку само потврдуваат дека монтажа на првите возила базирани на платформата MEB ќе започнат во 2023 година. Но, како што досега многу пати се покажало дека Германците особено сакаат домашни автомобили, а бидејќи електрификацијата дефинитивно забрзува и во оваа земја, нема сомнеж дека е логично Ford да произведува EV модели во Келн.

„Синиот овал“ очекува дека за шест години производство од овој погон ќе „исфрли“ најмалку 600.000 автомобили со платформа МЕВ. Сепак, американската марка е решена да и покрај истата архитектура што ќе ја сподели со голем број возила од групацијата VW, нејзините модели да го задржат својот идентитет.

„Фокусирани сме на тоа овие производи да бидат вистински производи на Ford. Да изгледаат како Ford, да се возат како Ford, да се чувствувате внатре како во Ford и секако да ги произведува Ford“, вели шефот на американската марка за Европа – Стјуарт Раули.