Американскиот производител сака да направи повеќе простор за SUV моделите во европското портфолио, со оглед на тоа што овој тип на возилa стануваaт сè попопуларни на Стариот континент

Првите извештаи велат дека Ford размислува за укинување на повеќе модели, како што се Mondeo, Galaxy, C-Max и S-Max. Продажбата на C-Max е намалена за 18% во Европа во првата половина од тековната година, а Mondeo може да се пензионира, бидејќи неговиот американски брат, Fusion, е испратен во историјата.

Од друга страна, трите SUV модели кои Ford ги нуди во Европа, Kuga, Egde и EcoSport, бележат добри резултати на пазарот. Kuga и EcoSport имаат рекордни резултати во вториот квартал, и покрај фактот што Kuga е автомобил кој е во залезот на пазарната кариера.

Покрај тоа, на американскиот бренд, голема штета му нанесува и Brexit. Имено, Велика Британија е најголемиот поединечен пазар за Ford во Европа. Поради неизвесноста околу напуштањето на ЕУ, продажбата на нови автомобили во оваа земја е значително опадната во изминатите 18 месеци.

Сето ова значи дека Ford дефинитивно ќе понуди повеќе SUV и кросовери модели во Европа. Најрационално е во пензија прво да биде испратен сегментот на миниванови, кој секако има претрпено најголем шок поради „нападот“ на SUV моделите. Исто така, треба да се очекува подлабока соработка помеѓу Ford и PSA Group, првенствено на развојот на нови агрегати.