Американскиот гигант за моторни возила, Ford излезе на пазарот со нов производ – капа што ги спречува возачите да заспијат

Се работи за производ што е промовиран на бразилскиот пазар, каде според статистиките најголем број од жртвите во сообраќајните несреќи се возачи на камиони.

Капата првпат е презентирана лани, а неодамна се сублимирани резултатите од кампањата. Анализата покажала дека новото парче „облека“ брзо станало хит меѓу возачите и им било од голема помош на патот.

Промоцијата на производот е поврзана и со одбележувањето на 60 години присуство на Ford на бразилскиот пазар.

Капата во себе содржи електронски сензори што се активираат на одредени движења на главата. Штом возачот почне да заспива, односно да прави движења со главата што се карактеристични за заспивање зад воланот, се активираат алармни сигнали. Звучно предупредување, сијалички и вибрации се трите сигнали што ги добива возачот во миг на заспивање.

Очекувањата се дека уредот, поради неговата популарност, ќе се развива и натаму. Зад кампањата „Ford Safe Cap“ стојат агенциите WPP Group, J Walter Thompson и продукцијата PBA.

<iframe src=”https://player.vimeo.com/video/270518341″ width=”640″ height=”360″ frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

Извор: USB.mk