Ford предупредува на опасностa од оставање деца и домашни миленици во „врело“ возило / ВИДЕО
Скулптурите од лед кои се топат изгледаат вознемирувачки, но така треба и да биде
Деновиве сме сведоци на екстремно високи температури кај нас, а температурите во јужните и западните делови на САД се приближуваат до рекордни вредности. Затоа, крајно е опасно да се оставаат деца и домашни миленици во автомобили, дури и на неколку минути.
Ова е токму она што Ford сака да го истакне во новата демонстрација за тоа што се случува во салонскиот простор на автомобилот кога надворешните температури се екстремно високи. Тие дури и не треба да бидат „екстремни“ за да го претворат ентериерот на возилото во „рерна“.
Ford користел Ford Focus паркиран на 35 целзиусови степени во својот тест центар во Германија, во кој биле ставени скулптури од мраз во форма на дете и куче. За помалку од 20 минути, температурата во кабината се искачила на 50 целзиусови степени, додека надворешната останала константна. Се разбира, можете да претпоставите што се случило со скулптурите.
Многу луѓе си дозволија ново домашно милениче за време на пандемијата со Ковид-19, а меѓу нив има и многу нови сопственици без претходно искуство, кои не се свесни колку брзо топлината во кабинскиот простор може да убие животно.
Според Кралското друштво за спречување на суровост кон животните (RSPCA), високата температура во возилото може да убие куче за шест минути. Бебињата и малите деца се исто така во огромна опасност, бидејќи можат да се прегреат пет пати побрзо од возрасните. Она што е трагично е што во САД има просечно 39 смртни случаи годишно, поради оставање во автомобил на висока температура.
Многу производители, вклучувајќи го и Ford, сега нудат некаков аларм за совозач на задните седишта, кој може да го потсети возачот дека во возилото има дете или куче. Сепак, ова е релативно нова опција во автомобилската индустрија, а бидејќи животниот век на просечниот автомобил е над 10 години, повеќето возила не нудат систем од ваков тип. Ова значи дека одговорноста е на нас, да обрнеме внимание на овој проблем.