Ford патентирше технологија која би можела да спаси животи на мотоциклистите
Патентот на Ford се состои од систем од три задни камери кој треба да ги алармира возачите на (неочекувана) појава на мотоциклисти и, доколку е потребно, да преземе одредени дејствија
Убавото време секако привлекува многу мотоциклисти на патиштата, но моторите, особено во комбинација со невнимателни и неискусни возачи, често претставуваат голема опасност за сообраќајот. На пример, за време на сообраќајниот метеж и бавно движење на возилата, мотоциклистите често со малку маневрирање и провлекување помеѓу лентите и автомобилите може брзо и лесно да го заобиколат метежот, но во такви случаи возачите често не може да ги видат на време, па при менување на лентата лесно може да дојде до сообраќајна несреќа.
Fordовите инженери сакаат да спречат такви сценарија во иднина и пријавиле патент кој би требало да ги предупреди возачите на (неочекувани) мотоциклист и, доколку е потребно, да преземе посебни мерки за да се избегне судир. Патентот е опишан како систем кој се состои од три камери поставени на задниот дел на автомобилот кои покриваат се што се случува зад автомобилот и ќе биде во можност да забележи ненадејно доаѓање на мотоциклисти кои може да го изненадат возачот.
Системот од камери е поврзан со системот за безбедност и асистенција во возењето на автомобилот и може автоматски да ги активира сопирачките или да го сврти воланот во случај на потенцијален судир со мотор.
Станува збор за патент, па не е познато дали тимот од Ford ќе се одлучи за негов развој и имплементација во идниите модели на автомобили, но на CNET велат дека ова ќе биде исклучително важна технологија за автономните автомобили кои во иднина би требало да доминираат на патиштата. Тие истакнуваат дека сегашните тестирања на автономните автомобили укажуваат на проблеми во детектирањето на мотоциклисти на патот што може да биде многу опасно ако овие возила брзо и неочекувано ја менуваат лентата, а пред тоа да не забележат мотоцикл на патот.
Последните случаи со Uber и автомобилите на Tesla покажаa дека e доволeн мал пропуст на технологијата, за да се дојде до голема трагедија и загуба на човечки животи, поради што секој патент, односно технологија која може да ја зголеми безбедноста на патиштата е исклучително важна за (автономната) иднина.