Во текот на изминатата година, 113.066 единици завршиле на европскиот пазар

Легендарниот спортски модел Mustang повторно е најпродаван спортски автомобил во светот. Четврта година по ред, американскиот модел е на првото место, со постојан раст на продажбата.

Според статистичките податоци, во Европа во изминатата година биле пласирани 113.066 единици, а во првите месеци од 2019 година има раст од 27%. Вториот најуспешен пазар е САД. Овде се пласирани 75.842 единици, некои од нив во верзијата Bullitt. Во Обединетото Кралство, минатата година продажбата забележала раст од околу 5% (2.323 пласирани единици) во споредба со 2017 година.

„Mustang е слобода и радост во возењето, звукот на V8 во пролетен ден и ветер во косата. Нема ништо подобро. Не е ни чудо што ова е најпродаваниот спортски автомобил во светот“, вели Џим Фарли, шеф за глобалниот пазар на Ford.

Во моментов, Mustang е достапен во 146 земји, а во глобални рамки за периодот 2015-2018 година се продадени повеќе од 500.000 единици од шестата генерација на моделот.