Станува збор за автономијата на автомобилот со едно полнење на батеријата

Првиот електричен кросовер на Ford наречен Mustang Mach E во салоните ќе започне да пристигнува кон крајот на овој месец, но американскиот производител дури сега со јавноста ги сподели бројките кога станува збор за автономијата со едно полнење.

Во суштина, иако веројатно се очекуваше повеќе, бројките се добри, но далеку од оние на Tesla. Најголемо растојание со едно полнење на батеријата може да се покрие со пакетот наречен Premium ER со погон на задните тркала, односно 483 км. Таа бројка го надминува секој електричен ривал во Америка, со исклучок на оние кои ја напуштаат производната линија на Tesla. Главен конкурент на Mach E е Tesla Model X, кој чини далеку повеќе пари, но исто така може да се пофали и со поголема автономија.

Во секој случај, на приложената фотографија може да се види автономијата на сите верзии на кросоверот на Ford, како и на кој било друг електричен автомобил во Америка.