Ford Mustang на 17 април ќе го прослави својот 57-ми роденден, а како честитка, пристигнува информација дека овој модел повторно втора година по ред e најпродаваниот спортски автомобил во светот

Ford Mustang во 2020 година во светот е продаден во вкупно 80.577 примероци (15,1 проценти од глобалниот пазар на спортски купе модели), со продадени 61.090 примероци само во САД.

„Љубителите на Mustang ги сакаат своите спортски автомобили и тоа уште еднаш го покажаа. Во тешка година за целата автомобилска индустрија поради глобалната пандемија, Mustang се претстави многу добро, зголемувајќи го својот удел во сегментот на спортски автомобили“, се вели во соопштението на Ford.

Продажбата на високо перформантниот Bullitt и Shelby варијантитепонудени на пазарите, вклучително и во САД, пораснале за 52,7 проценти во 2020 година во споредба со претходната година, според внатрешните податоци на Ford.

Популарноста расте и во Европа, па така во 2020 година забележал раст на продажбата од дури 68,8 проценти во Унгарија, 38,5 проценти во Холандија, 12,5 проценти во Данска…

Во 2020 година Ford во Европа продал 7.000 единици или скоро 60.000 од почетокот на продажбата на спортскиот автомобил низ целиот регион во 2014 година. САД остануваат најсилниот глобален пазар за Mustang, што претставува околу три четвртини од вкупната продажба.