Компанијата понудила доброволно заминување од работа за 5.000 работници во Германија и неодреден број во Англија

Со цел економско заздравување, Ford ќе скрати 5.000 работни места во своите фабрики во Германија, плус сеуште непознат број во Велика Британија. Во исто време компанијата признава дека ја зголемила платата на извршиот директор Џим Хакет за над 1.1 милиони долари. За 2018 година на Хакет му биле исплатени вкупно 17,8 милиони долари како плата, бонуси и надоместоци во хартии од вредност, наспроти 16,7 милиони во 2017.

Главниот придонес на Хакет во изминатата година е големиот план за заштеда во европскиот, азискиот и јужноамериканскиот бизнис (вкупна вредност од 11 милијарди долари). Профитот на американскиот гигант се стопил на половина најмногу поради пазарите надвор од северно американскиот континент.

Во Европа Ford дава работа на 53 000 луѓе (и барем уште толку во подизведувачи, дилери и др.). Од нив 24.000 се во Германија и 12.000 во Велика Британија. Многу е веројатно дека една третина од нив ќе бидат отпуштени од работа како резултат на процесот на реструктуирање. Покрај тоа, Хакет смета дека моделната гама на Ford во Европа ќе биде значително намалена. Првата жртва на овој план беше миниванот C-Max произведен во Германија.

Компанијата потврдува дека понудиле договори за доброволно напуштање на дел од своите работници во Германија и во САД. Претходно првиот човек на Ford Европа, Стивен Армстронг“ предупреди дека компанијата ќе мора да прибегне и кон „значително драматични“ кратења во Велика Британија, доколку земјата ја напушти ЕУ без договор за слободна трговија.

Намерно или случајно, но плановите за кратење се обелоденети во ист ден, во кој Ford ги објави платите на првите луѓе во компанијата. Хакет заработил 1.3 милиони долари како плата, еден милион бонус, 10.3 милиони во хартии од вредност и дополнителни 3,6 милиони за специјалниот охрабрувачки план на компанијата.