Моделот ќе користи платформа на Volkswagen

Во Ford сериозно размислуваат дали на пазарот да ја вратат електричната верзија на Focus. Ова го споменува Autocar, врз основа на изјавата на главниот дизајнер на европската филијала на брендот Мурат Гелер.

За жал, во моментов недостасуваат поконкретни информации. Дизајнерот за британското издание вели дека моментално работи на неколку модели со батерии во различни фази, а Ford Focus Electric можеби е еден од нив. Но, каков точно ќе биде електричниот автомобил се уште е нејасно. Ниту за архитектурата ниту за пропорциите на идната машина.

Оригиналниот Focus Electric беше (условно) еден од првите масовни електрични автомобили. Се појави во 2011 година, како модификација на тогаш новата трета генерација на моделот. Хечбекот не доби голема популарност, иако во САД имаше целосен животен циклус – до 2018 година, кога беа продадени околу 9.200 примероци.

Електричниот Focus се произведуваше и за Европа – од 2013 година во Германија, но беше симнат од производната лента во 2017 година поради прилично скромната продажба – околу неколку десетици единици годишно. Ford Focus Electric беше опремен со литиум-јонски батерии од LG Chem, со капацитет од 23 kWh. Во 2017 година, батериите веќе беа 33,5 kWh, благодарение на што километражата се зголеми од 160 на 225 km, што го направи автомобилот конкурентен на Nissan Leaf, Volkswagen e-Golf, Hyundai Ioniq Electric или Opel Ampera-e.

Доколку електричната верзија на Focus Electric навистина успее, тоа нема да биде варијација на сегашниот модел со мотор со внатрешно согорување, кој беше ажуриран пред околу еден месец. Наместо тоа, треба да очекуваме самостојна машина на посебна платформа, а сите шанси се тоа да биде платформата MEВ на Volkswagen, поради договорите за соработка на двете марки.