Американскиот производител официјално го означи големиот јубилеј во производството на легендарниот модел

Дека Mustang е уникатен и важен модел за Ford, покажува и тоа дека наместо вообичаениот амблем на производителот, решетката на автомобилот е со симбол на коњ во галоп.

По неофицијалните најави на интернет на почетокот на оваа недела, производството од 10 милионитиот примерок е означен на посебна церемонија пред седиштето во Дирборн, како и во фабриката во Flat Rock каде се развива овој модел.

За време на настанот организирана е парада во која учествувале Mustang модели од сите генерации.

Како што беше најавено, јубилејниот примерок е бел Mustang GT кабриолет, симболично избран да биде конвертибилен како што бил и првиот Mustang произведен во 1964 година.

Првиот и 10-милионити примерок ги делат 54 години, а освен истате боја и отворениот покрив, немаат речиси ништо заедничко.

Оригиналниот Mustang бил опремен со 3-брзински автоматски менувач и V8 мотор кој произведува само 166 КС (122 kW), додека јубилејниот модел се придвижува со 5.0 погонски агрегат V8 со 466 КС (343 kW). Актуелниот Ford Mustang припаѓа на шестата генерација на овој модел воведен во 2013 година.

За последните 50 години, колку е присутен на пазарот, Mustangот е најпродаваниот спортски автомобил во САД.