Четвртата генерација на Focus, која беше претставена во месец април, во својата понуда ќе има широкоаголна камера за полесно и побезбедно возење наназад

Возењето наназад е нешто што за многу возачи е проблем, особено при паркирање кога немаат добра странична видливост поради другите паркирани автомобили.

Меѓу опремата која треба да им биде од помош на сопствениците на новиот Focus и која ќе придонесе за поголема безбедност е задна камера од 180 степени, поставена над позицијата за регистарската табличка.

Оваа камера покрива широк агол зад автомобилот и помага на возачот навремено да забележи пешаци, велосипедисти и возила кои наидуваат од страна при паркирање.

Камерата е поврзана со заден радарски сензор кој го следи просторот зад автомобилот. Во случај на опасност и отсуство на навремена реакција од возачот, овој систем автоматски го сопира возилото и спречува несреќа.

Новиот Ford Focus во понуда има и други голем број на безбедносни системи за помош. Меѓу нив се адаптивен темпомат со функција stop & go, систем за препознавање на знаци за ограничување на брзината и технологија која му помага на возачот да го одржува автомобилот во рамките на сообраќајната лента по која се движи.

Новиот Focus е опремен и со подобрен систем за адаптибилни фарови. Овој систем е во состојба да го подеси и прилагоди светлосниот сноп пред наидување на автомобил во кривина, раскрсница или кружен тек. За ова помага и предна камера која покрива простор од 65 метри пред возилото.

Меѓу новите карактеристики е и систем за автоматско сопирање по судир, кој служи за да се спречат можните секундарни судири при неконтролирано движење на автомобилот и избегнување на последователни повреди на возачот и патниците.

Тука се и head-up дисплејот, подобрен систем за помош при паркирање, предупредување за пешаци и велосипедисти во движење.