Низ својата историја, Ford веќе има стекнато искуство во работењето со хеџбек верзии на одредени модели кои биле модифицирани или редизајнирани во cross издание

Примери за тоа се Fiesta Active и Ka + Active, кои беа понудени на европскиот пазар. Затоа е логичен чекорот на американскиот производител да го претстави засилувањето на гамата на актуелниот претставник од категоријата на компактни хеџбек модели: Ford Focus Active Wagon, како згодна алтернатива на SUV моделите.

Новитетот се одликува со пластична заштита за долните делови од каросеријата, оригинални браници со црни или сребрени акценти, како и црни шини на покривот. Ако сте помислиле дека про-теренските атрибути се само визуелни или стилски детали, грешите. Прилагодена е суспензијата, нови амортизери…

Благодарение на овие модификации, клиренсот на новината напред е за 30 милиметри поголем од оној што кај класичниот хеџек, а позади дури за 34 mm. Ford Focus Active стандардno e опремен со 215/55 R17 пневматици, додека опционално можат да се добијат и 215/50 R18. Сепак, во однос на погонските тркала, нема место за избор на купувачите. Во сите верзии, погонските тркала се оние поблиску до моторот.

Покрај трите постоечки режими (Normal, Sport i Eco), кои се достапни и во стандардниот Focus, воведени се Slippery и Trail режими, наменети за возење по каллив пат, снег, мраз и песок.

Моторизацијата на Focus Active Wagon се состои од два EcoBoost турбо бензинци и два EcoBlue турбо дизели.

Основниот бензинец е 1.0 EcoBoost и испорачува 125 КС, а тука е и 1.5-литарската единица која испорачува 150 или 182 КС. Боите за дизелите ги бранат две понуди – 1.5 EcoBlue (120 КС) и 2.0 EcoBlue (150 КС). Речиси секоја погонска група може да биде опремена со шест-степен рачен или осум-степен автоматски менувач. Исклучок е само најмоќната бензинска единица која користи само рачен менувач.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1BUWInigonP1RYmdg0boHBJaWfrjNbqrt” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Како што сега стојат работите, Ford Focus Active Wagon е наменет само за клиентите на Стариот континент поради добро позната одлука на раководството на американското производител да ја укине понудата на патнички автомобили други пазари (првенствено САД).