Ford Bronco и Mustang како посебни брендови?!
Шпекулациите за вакво нешто се одамна, а сега се чини дека има и докази дека тоа ќе се случи
Ford Bronco и Mustang, заедно со F-150, се икони на американскиот бренд, а во иднина овие имиња би можеле да станат уште позначајни. Имено, според најновиот извештај, Bronco и Mustang би можеле да се издвојат како посебни брендови.
Новите брендови би опфатиле широк спектар на возила, кои би биле дел од таканаречената Icons Division, а за тоа постои и цврст доказ за сето ова. Ford веќе има Icons Group субјект, кој дава подршка на постоечките модели како што се Mustang, Ford GT и F-150 Raptor.
Сепак, развојот и лансирањето на нови модели не е мала работа, а прилично е „пипава“, особено во случајот со Mustang, каде традиционалните фанови веќе се огорчени од електричниот кросовер Mach-Е, кој го презеде Mustang брендирањето. Според извештајот, Ford размислува оваа култна ознака да ја закачи на бројни модели, вклучувајќи седани и кросовери. Колку тоа ќе биде прифатено, тоа е сосема друго прашање.
Што се однесува до подбрендот Bronco, би било значително помалку контроверзно. Овој модел нема ни близу такво наследство како Mustang и не е фокусиран на една специфична формула. Покрај тоа, веќе имаме две различни понуди на Bronco кои светлината на денот треба да ја видат оваа година.
Извор: Autorepublica, Bloomberg