Американскиот Ford започнал со тестирање на новиот кросовер кој треба да го замени малку „застарениот“ EcoSport. Новиот мал SUV на Ford ќе биде поставен на основата на Fiesta, а на пазарот се очекува следната година

Моделот се уште нема официјално име, а од него се очекува да ги компензира недостатоците на тековниот EcoSport, нудејќи екстра простор во внатрешноста и просторот за багаж, заедно со премиум салон.

Малиот кросовер базиран на Fiesta ќе имаат поголем клиренс од Fiesta Active како и поостар изглед. Под хаубата ќе ги има најновите погонски агрегати на Ford – 1.0-литарски EcoBoost со три цилиндри турбо-бензински мотори, познатите 1.5-литарски со четири цилиндри турбо-дизели EcoBlue, кој е воедно единствениот кој би можел како опција да добие погон на сите тркала.

 

Шпекулациите велат дека Ford би можел да го вклучи и атмосферецот од 1.1 литар за основниот модел, за да со ниска цена се привлечат повеќе клиенти.

Ford Fiesta SUV ќе се обиде да конкурира на Nissan Juke и Renault Captur, како и на третиoт SUV на Škoda кој веќе е претставен како концепт Vision X.