Алонсо стана третиот F1 шампион, кој победил на 24 часа Дејтона

Двократниот шампион во Formula 1, Фернандо Алонсо, победи на трката „24 часа Дејтона“ во својот втор обид. Шпанецот својот тим (Камуи Кобајаши, Џордан Тејлор и Ренгер ван дер Занде го поведе кон успехот), на два круга пред финалето на трката, која беше скратена поради силен дожд.

На два круга пред крајот, поранешниот F1 пилот Фелипе Наср (Cadillac) ја држеше првата позиција, но грешката во кривината број 1 му овозможи на Алонсо да го претекне. Во последните два круга Алонсо успеа да создаде предност од 13 секунди со неговиот Cadillac.

Александар Роси со неговиот тим (Acura) го освои третото место и беше последниот кој заврши со заостанување зад Алонсо помало од круг и повеќе.

Овогодинешното издание на 24 часа на Дејтона беше во целосна спротивност со минатата година. Само една година откако трката помина со најмалку инциденти и најмногу кругови – 808, во 2019-та натпреварувачите завртеа едвај 593 круга, што е најмалку во историјата на Дејтона.

Дождот кој почна да паѓа на 10 часа до крајот на трката создаваше големи проблеми за голем број од возачите. Но, токму во такви услови Фернандо Алонсо, кој го пилотираше автомобилот во тие моменти, успеа да покаже дека е класа за себе на влажна подлога и изби на водечката позиција, но тогаш следеше црвеното знаме за привремен прекин поради многу вода на патеката.

Со овој триумф, поранешниот пилот на McLaren им се придружува на Фил Хил и Марио Андрети како трет шампион во Formula 1, кој победил на 24 часа на Дејтона. Во 2018 година, Алонсо победи на 24 часа Ле Ман, а по три месеци тој ќе се обиде да триумфира и на Инди 500 и со тоа да се стекне со таканаречената „Тројна круна во мотоспортот (ГН на Монако, 24 часа Ле Ман и Индианаполис 500).

Loading...