![Felicity Ace заедно со скоро 4000 автомобили сепак потона](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/02/IMG_20220223_021059.jpg)
Felicity Ace заедно со скоро 4000 автомобили сепак потона
Штетата предизвикана од пожарот била преголема
Бродот потонал на 220 наутички милји од Азорските Острови вчера околу 9 часот по локално време. Комбинацијата од сериозно оштетување на трупот и големи бранови биле фатални за Felicity Ace. Засега нема информации за излевање на нафта и загадување.
Како потсетување, на бродот имало речиси 4.000 нови автомобили, вклучувајќи околу 1.100 Рorsche автомобили, речиси 200 Bentley и непознат број на Audi, Lamborghini и Volkswagen единици. Најновите проценки велат дека вредноста на возилата е повеќе од 400 милиони долари.
Пожарот на бродот се случи на 16 февруари од засега неутврдени причини. Бидејќи пожарот, според сознанијата, не можел да се стави под контрола, делумно поради тоа што пожарот ги зафатил електричните автомобили, веднаш се започна акција за спасување на екипажот. Сите 22 членови набрзо беа пренесени на безбедно, за неколку дена подоцна конечно да биде изгаснат и пожарот, чии последици за жал биле преголеми за бродот да преживее и да биде одвлечкан барем до најблиското пристаниште.