Европскиот автомобилски пазар во 2019: -3,3% во првиот квартал, -3,9% во март
За месец март, европскиот пазар на патнички автомобили бележи пад од 3,9%, или од 1,792,880 возила една година претходно на 1.722.442 минатиот месец
Продажбата на нови автомобили во месец март бележи пад на сите поголеми пазари во ЕУ. Најголем пад е забележан во Италија (-9,6%), а потоа следат Шпанија (-4,3%), Обединетото Кралство (-3,4%), Франција (-2,3%) и Германија (-0,5%).
Севкупно гледано за првите три месеци од годината, побарувачката за нови автомобили во Европската унија се намалила за 3,3% или во тотал 4.032.881 единици. Во Германија, регистрациите на нови возила се скоро на исто ниво како и минатата година (+ 0,2%), додека останатите клучни пазари имаат полоши резултати отколку во првиот квартал од 2018 година – особено Шпанија (-6,9%) и Италија (-6,5%).