Европскиот автомобилски крш завршува во Африка
Автомобилите во Европа кои се зрели за преса, за жал го наоѓаат патот до Африка, каде што имаат поинаква судбина – повторно да служат како патнички возила или да бидат демонтирани заради продажба на делови. За среќа, некои африкански земји одлучиле да ја прекинат оваа пракса, а лидер е Гана
Ако мислевте дека целиот европски отпад завршува на Балканот или генерално Источна Европа, се лажете… Повеќето од оние кои не завршуваат на автомобилски отпад, одат во Африка. Според податоците на UNEP, повеќе од седум милиони вакви автомобили пристигнале на овој континент само во периодот од 2015 до 2018 година.
Гана увезува околу 100.000 такви возила годишно. Тамошните царински информации сугерираат дека во претходните години биле увезени повеќе од милион половни автомобили.
Шефот на оваа држава, Нана Акуфо-Адо, барал воведување на нови прописи со кои ќе се спречи увозот на вакви „кршови“ во Гана, а новите прописи со кои се забранува увоз на возила на кои веќе им истекол работниот век во сила се од октомври 2020 година.
Но, не одело се така лесно поради значителниот отпор од страна на населението. Особено затоа што кај некои автомобили кои имале соодветни катализатори може добро да се заработи. Веројатно сте упатени дека овие катализатори содржат ретки материјали како платина или родиум од кои може добро да се заработи.
Особено скап е родиумот. Еден грам пред шест години чинеше само 20 евра, а денес цената достигнува до неверојатни 462 евра за исто толку!
UNEP наведува дека возилата увезени во Африка се надвор од сите безбедносни прописи и дека обично се технички неисправни. Во просек се на возраст од 16 до 20 години, а во комбинација со нула безбедносна опрема доведуваат до голем број жртви во сообраќајни незгоди. Се посочува дека особено загрозени се земјите како Малави, Бурунди, Зимбабве и Нигерија…
Според наводите на Tagesspiegel, повеќе од половина од увезените возила во Африка доаѓаат од ЕУ, од кои половина се само од Германија. Затоа ЕУ планира да преземе нови чекори.
Се предлагаат неколку опции, но засега најреална е онаа која бара од сопственикот на возилото кое е на крајот на работниот век да обезбеди потврда дека автомобилот е предаден на рециклирање, со што ќе се спречи понатамошен извоз на таквите единици.