Во своето пропратно писмо, ACEA, исто така, повика на акција од страна на Европската унија за намалување на зависноста од азиските добавувачи на чипови

Европските производители и купувачи на автомобили треба да се подготват за уште една година прекини во синџирот на снабдување што ќе го намали производството на возила. Индустриското здружение на европските производители на автомобили ACEA очекува глобалниот недостиг на чипови да се пролонгира длабоко во 2022 година, што веројатно ќе донесе ограничувања во производството и помалку нови автомобили на патиштата, се вели во документ објавен од Bloomberg News.

Европскиот автомобилски сектор е на пат да заостанува зад минатогодишниот катастрофален резултат, откако производителите во Европа забележаа најлоша продажба во септември во повеќе од четвртина век. Глобалниот недостиг на компоненти што ги отежнува производствените линии доведе до скок на цените на возилата – нови и користени – бидејќи залихите се намалија.

Европското производство на автомобили се очекува да се зголеми на речиси 18,6 милиони единици следната година – производство што ќе ја доближи индустријата до нивоата пред пандемијата од околу 20 милиони, но сепак под таа бројка. ACEA ќе ги објави своите прогнози за 2022 година на почетокот на следната година.

Во своето пропратно писмо, ACEA, исто така, повикува на акција од страна на Европската унија за да се намали зависноста од азиските добавувачи на чипови и да се избегнат идни прекини во синџирот на снабдување.