
Европјаните веќе не се премногу заинтересирани за лимузини
Сегментот SUV воспостави доминација на европско тло
Во минатото, производителите работеа особено напорно на долгите и елегантни „берлини“, а таквите модели, по непишано правило, ги претставуваа предводниците на брендовите. Денес тоа е сè поретко и иако седаните сè уште се одлични во премиум класата, тие стануваат вистинска реткост кај големите сериски брендови.
Смртната казна е потпишана од самите потрошувачи. Извештаите за продажба за територијата на ЕУ досега оваа година се целосно поразителни кога станува збор за сегментот Д.
Лидер останува VW Passat со 76.630 регистрации во периодот од јануари до ноември со пад на продажбата од 24%. Сигурно нема да се продадат многу повеќе во декември, бидејќи Volkswagen го прекина производството на Passat поради недостаток на микрочипови.
Неговиот братучед Arteon исто така не се прослави со оглед на бројот на испорачани примероци – 21.206, но важно е да се напомене дека забележал раст на продажбата од 68%.
Второто место на листата го зазема Škoda Superb. Чешката лимузина оваа година стигнала до 41.127 клиенти (-22%). Во суштина тоа се единствените резултати кои не можат да се окарактеризираат како поразителни.
Renault Talisman е на залезот на кариерата, но и тоа не ја оправдува неубедливата продажба од само 5.578 парчиња (-22%), од кои голем дел завршиле на домашниот, француски пазар. Неговиот помлад конкурент, Peugeot 508, стигнал до 23.300 потрошувачи (-10%).
Еден од ретките модели од оваа ниша со раст на продажбата, иако минимален од 1%, е Opel Insignia со 18.816 регистрации индексирани во претходниот период. Ниту Mazda 6 не може да се пофали со добри резултати – само 4.555 продадени автомобили (-22%).
Во минус е и Ford Mondeo, и тоа за 38%, или 11.626 испорачани возила во 2021 година на пазарот на ЕУ. Ништо подобро не поминал и Toyota Camry, за кого се одлучле близу 7.600 луѓе, со пад на продажбата од 3%.
Очигледно е дека купувачите во Европа имаат нови преференции, што исто така може да доведе до целосно исчезнување на овој тип на возила на Стариот континент.