Европа ја забрани продажбата на најмоќниот Ford Mustang
Моќниот Ford Mustang е легенда на глобално ниво веќе 50-на години, иако во Европа е достапен само во последните неколку години.
За жал, најновиот модел штотуку е забранет во Европа.
Ова не треба да биде изненадување, со оглед на тоа што Европа има строги правила во врска со штетните емисии поради што веќе се забранети Corvette и Camaro.
Станува збор за Mustang Shelby GT500. Новиот GT500 има 5.2-литарски V8 мотор со турбо полнач со кој моделот до 100 km/h стигнува за 3,5 секунди, а максималната брзина му е 300 km/h.