Моторот со внатрешно согорување е „страшна“ работа која и денес, по повеќе од 100 години, подеднакво го фасцинира секој љубител на автомобили

Моторот со внатрешно согорување е исклучително сложен уред кој е способен да го претвори течното гориво во употреблива работа, ротационо движење кое го придвижувало, го придвижува и ќе го придвижува современиот свет во годините што доаѓаат. Сепак, најинтересниот дел од моторот, каде што се случува таа магија, отсекогаш бил сокриен од очите.

Благодарение на каналот на YouTube TROdesigns, можеме да бидеме сведоци на моментот на палење на горивната смеса, но и на целиот процес во четири основни таакта. И тоа на мотор од Honda од 1977 година. 

Како е снимен 4К материјалот и какви модификации биле потребни да се направат, погледнете во следното видео.