Кога греењето е вклучено, вентилаторот ја користи циркулацијата на течноста за ладење за да го загрее возилото!

Студеното време, особено зимските утра, носат нови навики, а едно од најважните прашања е како да се загрее моторот на автомобилот што е можно побрзо? Стоење на паркинг со вклучен мотор не доаѓа предвид. Тргнете, а еден од советите е да го исклучите греењето во првите неколку минути. Имено, кога е вклучен, вентилаторот ја користи циркулацијата на течноста за ладење за загревање на возилото (преку таканаречениот разменувач на топлина или heat exchanger). Ова ја намалува температурата на течноста за ладење, а поради тоа на моторот му треба повеќе време да се загрее.

Ако сакате побрзо да го загреете моторот и да ја намалите потрошувачката на гориво, исклучете го вентилаторот за греење неколку минути. Нема да изгубите многу, бидејќи сè додека не се загрее моторот, и онака ви дува ладен и млак воздух.