Европската унија ќе возврати со дополнителни трошоци за американската стока во вредност од 35 милијарди евра доколку Вашингтон примени нови царински тарифи за европските автомобили, изјави шефицата на Европската комисија за трговија

„Ние нема да прифатиме било какво управување со трговијата, квоти или доброволни извозни ограничувања, а ако има царини, ќе имаме листа за ребаланс“, вели Сесилија Малмстром. „Листата практично е подготвена, а на неа се наоѓа стока во вредност од 35 милијарди евра. Се надевам дека нема да мораме да повлекуваме такви чекори“, додава Малмстром.