Од електричниот Mustang во продажба ќе бидат достапни неколку верзии, а продажбата стартува кон крајот на следната година

Од Ford уште претходно најавија дека ќе инвестират повеќе од 11 милијарди американски долари во електрификација, а досега најзначајниот резултат од таа инвестиција е штотуку претставениот Mustang Mach-E на салонот за автомобили во Лос Анџелес. Ова не е само уште еден електричен теренец кој ќе го нападне теренот на Tesla бидејќи името Mustang има посебно значење во американската (автомобилска) историја“, се главните компентари по промоцијата на моделот. 

Силен и моќен и опремен со модерна технологија, Mustang Mach-E ќе биде достапен во повеќе верзии со почетна цена од околу 44.000 американски долари за основниот модел. На фановите на легендарниот бренд кои имаат намера да ги заменат класичните автомобили со електрични возила, на располагање ќе им бидат достапни верзиите Select, Premium, First Edition и California Route 1, како и GT и GT Performance. Со сите верзии, ќе бидат достапни два модела на батерија – 75,7 kWh и 98,8 kWh со гаранција од осум години или 160 илјади километри.

Основниот модел Select ќе биде достапен со погон на сите тркала или погон на задните тркала, а двете верзии ќе имаат батерија од 75,7 kWh. Моделот со погон на сите тркала треба да има автономија од нешто повеќе од 330 километри со едно полнење на батеријата, додека моделот со погон на задните тркала со моќност на моторот од 355 коњски сили треба да биде скоро 370 километри. Овие модели се очекуваат во пролетта 2021 година.

Цената на Premium моделот ќе биде нешто над 50.000 долари и на пазарот може да се очекува до крајот на следната година. И оваа верзија е достапна со погон на сите четири тркала или само на задните тркала, а во зависност од видот на батеријата и погонот, автономијата варира од 336 километри до дури 480 километри, со едно полнење, додека моќноста на моторот варира помеѓу 255 и 333 КС.

Верзијата Mustang Mach-E California Route 1 ќе располага со заден погон, поиздржлива батерија и мотор од 282 коњски сили и ќе чини 52.400 долари. На почетокот ќе биде достапна и лимитираната верзија First Edition која исто така ќе се појави кон крајот на следната година, а фановите на Mustang за 60,000 американски долари ќе добијат модел со погон на сите четири тркала, 333 КС и батерија со капацитет за нешто повеќе од 430 километри. .

Моделите Mach-E GT и GT Performance се „набилдани“ верзии со дури 459 КС, и секако, ова се најбрзите модели кои можат од 0 до 96 km/h да забрзаат за нешто повеќе од 3 секунди (GT Performance), или нешто помалку од 4 секунди (GT).

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1y6x6n0QcHAN_1nSZyIRQy6Y-j98VQp4c” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Ќe биде интересно да се види каква ќе биде побарувачката за електричниот Mustang – автомобил кој со децении е симбол на слобода и бркотници во САД , а сега би можел да се претвори во симбол на промена и електрификација. Во тоа верува и Вилијам Клеј Ford Јуниор, претседател на компанијата, кој исто така верува во ова, велејќи дека со воведувањето на возилото, им испратиле порака на сите дека се „смртно сериозни во однос на електрификацијата“. По Mustang, компанијата планира нови електрични модели, вклучително и е-верзија на популарниот пикап F-150.