Електричнaта Mercedes C-класа пристигнува во 2025 година
Следната цел во портфолиото на EV модели на Mercedes е модел од сегментот D
Тоа значи дека нема да биде типична С-класа, туку нејзин пандан под името EQC. Тука има мала конфузија, бидејќи EQC веќе постои и е електричен SUV модел. Ова пак значи дека во меѓувреме возилото или ќе замине во пензија, или германската марка едноставно ќе го смени името и ќе го означи како теренец EQC, што беше досегашна практика на марката Штутгарт во номенклатурата на електрични возила.
Така, Mercedes електричниот седан EQC, ќе биде претставен кон крајот на 2024 година, а на пазарот треба да излезе во 2025 година. Секако, тој е посебен модел и нема да има ништо заедничко со конвенционалната C-класа која во сегашната итерација неодамна стапи на сцената. Mercedes во суштина EQC го замислува како електричен пандан на C-класата, како што е случајот со EQE и E-класа.
Она што е познато е дека новиот Mercedes EQC ќе користи MMA архитектура. Станува збор за нова платформа создадена од германскиот бренд, а наменета е пред се за електрични автомобили, но може да ја користат и конвенционалните модели.
Бидејќи сегашната С-класа на пазарот ќе остане до 2028/2029 година, останува прашањето дали сегашната генерација на овој седан е и последна?! Како што најавија од Mercedes дека ќе има „силна поддршка за електрификација“, може да се случи по споменатиот рок да биде понуден само електричниот EQC. Тоа би бил крај на една исклучително успешна автомобилска приказна…