Не е воопшто тајна дека Ford развива целосно електрична верзија на најпродаваниот камионет во САД, моделот F-150

Откако претходните месеци можеа да се видат само некои шпионски фотографии од јавно тестирање, Ford за првпат ги покажа можностите на нивниот електричен камионет.

Демонстрацијата е направена со помош на железницата и обични F-150 примероци. Поточно, во товарни вагони се натоварени дури 42 примероци на F-150 од 2019 година, со што вкупната тежина на композицијата изнесувала околу 450.000 килограми.

Зад воланот на електричниот камионет е главниот инженер на Ford, Линда Жанг.

Ford сеуште не ги открива техничките спецификации на прототипот, но познато е дека целосно електричниот F-150 на пазарот ќе биде достапен кон крајот на следната или почетокот на 2021 година.