Производител е компанијата Little Car Company, a станува збор за смалена реплика на оригиналниот Aston Martina DB5

Должината е околу 3 метри, додека погонот е електричен мотор со 6,7 КС (доволно за максимум 48 km/h). Со едно полнење на батеријата, овој 270 килограми тежок DB5 може да помине од 16 до 32 километри.

Постои и помоќна верзија DB5 Vanatage Junior со 13,4 КС, со поголема максимална брзина, каросерија од јаглеродни влакна, диференцијал LSD и дополнителен пакет батерии.

Цените започнуваат од 35,000 фунти (помоќниот DB5 Vantage Junior чини 45,000 фунти).