По големите проблеми со бродот Ever Given кој заглави во Суецкиот канал и го блокираше сообраќајот низ оваа поморска „артерија“ на светската економија, египетските власти решиле да преземат нови чекори

Прво, ќе има експанзија во делот на каналот каде што беше заглавен Ever Given. Египетските власти ќе прошират поголем дел од трасата од 40 километри за 40 метри, со цел да се избегнат вакви проблеми во иднина. Покрај тоа, се планира продлабочување на каналот за уште 1,8 метри, а сите работи треба да завршат најдоцна за две години.

Како потсетување, на крајот на март, бродот Ever Given удри во брегот и остана неподвижен неколку дена. За тоа време се случи вистински поморски „шпиц“, па околу 400 пловни објекти чекаа да се расчисти патот за да поминат низ Суецкиот канал.

Според Bloomberg, на дневно ниво низ Суецкиот канал поминува стока во вредност од околу 9,6 милијарди долари. Овој премин е најкраткиот пат од Средоземното Море до Индискиот Океан, а самиот Суецки канал е долг 193 километри.