Дупки на патот – ноќна мора за секој возач во Македонија. Колку е да сме навикнати на нив, истите не се толку безопасни како што многумина можеби мислат

Освен што се штетни за гумите, бандажите и трапот на автомобилот, може да предизвикаат и многу поголема штета, па дури и директна повреда на патниците.

Колку се дупките на патот опасни, се обиделе преку експеримент со вистински автомобил и во реални услови на возење, не на тест патека, да проверат Американците. Експерименталното возило е Mercedes-Beny E-Class W211, а „патот“ кој е избран за експериментот е една од најоштетените улици во Чикаго.

Возачот со автомобил оди директно на дупки со различна брзина, а тоа што е веднаш воочливо е дека поголема брзина може да биде најмалку штетна за возилото, ако дупката на патот не е премногу голема. При брзина од околу 60 километри на час, ударната дупка толку многу влијае на безбедноста на возилото што дури се активираат и воздушните перничиња.

Погледнете и сами!