![Долго размислувал за одмазда по раскинувањето со саканата. Го паркирал камионот во нејзината дневна соба / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/07/kamion.jpg)
Долго размислувал за одмазда по раскинувањето со саканата. Го паркирал камионот во нејзината дневна соба / ВИДЕО
Раскинувањето и по кратка врска може да биде многу болно. Некои луѓе го доживуваат поблаго, некои не можат да се соберат долго време
Други пак бараат начин за најстрашната „одмазда“. Еден од нив е и овој „пациент“ од приложеното видео, кој неодамна се пофали со својата „генијалност“.
Откако раскинал со девојката, не можел да поднесе што му се случило. Затоа решил на многу брутален начин да и го загорчи животот на својата поранешна сакана. Човекот по професија бил возач на камион. Така влегол во својот камион, се упатил кон куќата на жената и се вратил во неа со приколката, нанесувајќи сериозна штета.
Во куќата имало и деца кои морале брзо да бидат евакуирани. За жал, според информациите кои ги пренесуваат медиумите, реновирањето на куќата нема да започне пред 2023 година.