Доаѓа во 2024 година: Ова е Lotus Eletre, целосно електричен SUV ривал на Cayenne со 600 КС+
Популарноста на теренците и понатаму расте, а Lotus има сериозна намера да се спротивстави на она што го прават Porsche и Tesla
Lotus Eletre, целосно електричен SUV, заедно со хиперавтомобилот Evia или претстојниот мал спортски EV кој се развива во соработка со Alpine, е доказ дека Lotus има големи електричн планови. Имено, Eletre е само еден од трите „lifestyle електричари“ кои Lotus ќе ги открие во текот на следните неколку години.
Eletre е најсериозниот адут на Lotus на пазарот. Високиот стил, најсовремената технологија и звучното име се тука, па сега единствено останува достојно да се претстави новиот производ. Автомобилот на патиштата се очекува веќе следната година, а колку често – најмногу зависи од тоа колку потенцијални купувачи ќе бидат подготвени да потрошат над 120.000 евра за овој lifestyle SUV.
Покрај електричен погон, името Eletre е унгарско, значи „оживува“ и ја претставува „преродбата“ на Lotus. За почеток, тоа ќе биде првиот Lotus што ќе се произведува во Кина, во нова фабрика во Вухан. И иако тоа не е првиот Lotus со четири седишта, тој е првиот Lotus со четири врати кој не е модифицирана верзија на постоечки автомобил, како Lotus Carlton од 1990-тите.
Според стандардите на Lotus, малку е да се каже дека ова е огромен автомобил. Тој е за 179 mm подолг од Porsche Cayenne или мери 510 cm во жолжина и 163 cm во висина, а меѓуоскиното растојание се протега до 302 cm. Но, сепак, пропорциите се обликувани за да ви дадат до знаење дека ова е спортски кросовер по углед на Ferrari Purosangue.
Кратката хауба и положбата на кабината нанапред овозможен со EV архитектурата даваат суптилно навестување дека Eletre изработен од карбонски влакна и алуминиум се разликува од вообичаените луксузни теренци. Зборувајќи за протокот на воздух, една од најинтересните дизајнерски карактеристики е спојлерот на задниот дел од покривот кој е поделен на две половини налик на крила.
Останатите модерни карактеристики кои не сме навикнати да ги гледаме се ретровизорите со камери, стандардната воздушна суспензија и опционално достапното управување со задната оска. Тука се и активните шипки против превртување и активниот диференцијал со ограничено пролизгување. Платформата е целосно нова архитектура со можност за полнење од 800 V што ветува целосно полна батерија за 18 минути. Lotus не ги открива сите детали за поставката на погонот со два електрични мотори, но тврди дека батеријата ќе биде поголема од 100 kWh и би требало да испорача автономија од 600 km.
Бројките за моќност се исто така се малку нејасни во овој момент, но од Lotus велат дека почетната верзија ќе развива 600 КС, од 0 до 100 km/h ќе забрзува за помалку од 3,0 секунди, а максималната брзина ќе биде 257 km/h. Познато е и дека теренецот ќе биде достапен во уште две верзии на моќност, а гласините сугерираат дека најмоќниот ќе испорачува околу 700 КС. Не е познато колку е тежок Eletre, но бидејќи е Lotus, се очекува да биде полесен од просекот на класата.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1qM908gFs6ea6A-LiauYoHz57ClFrP1nv” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Во однос на технологијата, Eletre ќе биде достапен со четири лидар сензори. На покривот има два – еден над шофершајбната и еден над задното стакло. Покрај тоа, на секоја страна од телото има уред во близина на предниот браник. Lotus тврди дека Eletre е способен за „автономно возење од крај до крај“.
Технологијата поддржува ажурирања од далечина, а во кабината наместо традиционалната контролна табла во пределот пред возачот е поставена тенка лента со висина помала од 30 mm. Во центарот има 15,1-инчен пејсажно ориентиран екран кој ги нуди сите потребни информации. Главниот дисплеј со проширена реалност е исто така стандарден на моделот.