Доаѓа најбрзиот Golf GTI во историјата
Golf GTI TCR со 290 КС, кој во мај беше претставен во концептна варијанта, ќе добие продукциска верзија до крајот на годината
VW Golf GTI TCR Concept од мај 2018 година
Автомобилот кој ќе ја завземе позицијата помеѓу GTI моделот со Performance Pack и екстремниот Golf R ќе пристигне во продажните сали до крајот на 2018 година, пишува британскиот Auto Express.
Спецификациите треба да бидат идентични со концептот, па затоа под капакот на моторот треба да се очекува 2.0-литарски TSI мотор кој произведува 290 КС (213 kW) при 6.800 врт/мин и развива 370 Nm од 1600 врт/мин.
Моќноста на тркалата ќе се пренесува преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, а максималната брзина ќе биде 265 km/h кога се отстрани електронскиот ограничувач, додека забрзувањето од 0-100 km/h е за 6 секунди.
Засега не е познато дали на потрошувачите ќе им биде понудена опција со мануелен менувач со шест брзини.
Верзијата TCR ќе биде најбрзиот сериски Golf GTI во 40-годишната историја на овој модел.
Volkswagen се очекува на клиентите да им понуди ограничена серија од возилот, што дополнително ќе придонесе за ексклузивноста на овој автомобил.
TCR стандардно ќе биде опремен со 18-инчни алуминиумски бандажи, а 19 ќе бидат достапни како опција.
Меѓу опционалните додатоци, ќе има посебна спортска суспензија со адаптивни, електронски прилагодливи амортизери, чии режими се Normal, Comfort и Sport, а може да се менуваат со притискање на копче.