Дизајниран SUS мотор кој не испушта CO2 или штетни гасови за време на работата
Новиот мотор се заснова на употреба на керамички мембрани кои ги елиминираат сите загадувачи во гасовита состојба, а кои можат да го нарушат здравјето на луѓето, пред се азотните оксиди, така што ги собираат и со јаглерод диоксидот од атмосферата, ги претвораат во течна состојба
Истражувачи од Институтот за хемиска технологија (ИТО), формиран заедно од Вишиот совет за научни истражувања и Политехничкиот универзитет во Валенсија, како и Институтот за термални мотори CMT, дизајнирале нов мотор со внатрешно согорување при чија работа не се генерираат штетни гасови, ниту се формира јаглерод диоксид.
Станува збор за „револуционерен“ мотор, како што тврдат неговите креатори, кој веќе е во согласност со еколошките стандарди што треба да стапат во сила во 2040 година. Се истакнува со висока ефикасност. Првиот од двата прототипа на таков мотор ќе биде претставен пред светската публика благодарение на инвестициите направени од Агенцијата за иновации во Валенсија (AVI).
Технологијата што се користи за да се постигне овој успех, наречен „клучен“, се заснова на употреба на MIEC керамички мембрани. Решението го патентирал Институтот за хемиска технологија, јавуваат локалните шпански медиуми.
„Споменатите мембрани, вклучително и оние во самиот мотор кои го придвижуваат моторното возило, овозможуваат селективно ослободување на кислородот од воздухот за производство на кислородно гориво (oxy-fuel). На овој начин се обезбедува чист издувен гас како резултат на согорување, составен од вода и јаглерод диоксид кој лесно се „фаќа“ и се чува во посебни резервоари во возилото, без потреба да се испушти во атмосферата, објаснува истражувачот, професорот Хозе Мануел Сера.
Технологијата развиена од истражувачкиот тим на опишаниот начин „би овозможила возилото од иднината да има автономија и резервоарски капацитет што би бил на ниво кој ги краси денешните конвенционални автомобили“, но „со клучна предност што се гледа во фактот дека новите мотори се целосно чисти, т.е. без никакви емисии, загадување или друго лошо влијание врз планетата, исто како и електричните автомобили“.
„Така дојдовме и во ситуација да со примена на оваа технологија, „се комбинира најдоброто од светот на двата вида мотори – електрични и со внатрешно согорување“, вели Луис Мигел Гарсија-Куевас Гонзалез, од Политехничкиот универзитет во Валенсија.
Но, тоа не е сè. Не само што се елиминираат штетните гасови, туку и возилата со вакви мотори можат да се сметаат како еден вид фабрики за производство и складирање на СО2. Во процесот на работа на новите мотори, при согорувањето се создаваат големи количини азот и азотни оксиди, додека во многу високи концентрации се создаваат и споменатите јаглерод диоксид и вода, кои подоцна, преку кондензација, лесно се раздвојуваат“.
Така формираниот јаглерод диоксид се става под притисок во мали резервоари и може, како таков, во голема концентрација, да се испушти на соодветни места за подоцнежна индустриска употреба. Ова би значело дека возилата од новата генерација мора да имаат, покрај класичен резервоар за гориво, дополнителен резервоар за СО2, истакнува споменатиот професор Луис Мигел Гарсија-Куевас.
Ова технолошко решение е најсоодветно за употреба во транспортните компании кои се занимаваат со транспорт на стока, како и за транспорт на „работна сила“. Понатаму, новите мотори е можно е да се користат на копно и на море, но и во авијацијата, иако на одредено ниво. Покрај тоа, новиот мотор е многу погоден за употреба кај дизел моторите за возила со специјални намени.
„Во случај на примена кај помали возила, можна е и само делумна примена, каде што значително се редуцираат, но не се елиминираат целосно штетните емисии“, вели друг професор соработник на овој проект, Франциско Хозе Арнау.
Тимот на научници во моментов изработува два лабораториски прототипи на револуционерниот мотор.